0 коментари 1 мин. читање 8 октомври, 2018

Помнете полесно со Sans Forgetica

Sans Forgetica е специјално дизајниран фонт за полесно помнење. Фонтот е креиран да биде потежок за читање, нешто што неговите креатори го нарекуваат „посакувана тежина“.

Со фонтот во самиот процес на читањето се додаваат потешкотии. Со ова се предизвикува подлабоко когнитивно процесирање на податоците, а тоа предизвикува подобро помнење.

Креатори на фонтот се дизајнери од RMIT универзитетот од Мелбурн, Австралија.

Стандардните фонтови се едноставни за читање. Често само брзо поминуваме преку текстот, а тоа не ни помага да запомниме. Наместо ова читањето на Sans Forgetica е предизвик за мозокот кој потоа полесно ги помни и останатите податоци.

Sans Forgetica е достапен како бесплатен фонт и како екстензија за Chrome. И фонтот и екстензијата се бесплатни.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top