0 коментари 1 мин. читање

Пауза за Windows 10 October Update

October 2018 Update верзијата на Microsoft Windows 10 веќе не е достапна за преземање, а Microsoft ги предупреди и корисниците кои веќе ја преземале надградбата да почекаат.

Причината за ова е што дел од корисниците кои ја инсталирале надградбата пријавуваат исчезнати фајлови. Бројот на овие корисници е ограничен, но сепак Microsoft сака да ги пронајде причините за проблемот.

Windows 10 October 2018 Update беше достапен од 2 октомври. Оперативниот систем веќе не е достапен, а Microsoft објави дека ќе има дополнително известување кога ќе ја вратат надградбата.

Корисниците кои ја имале „среќата“ први да го надградат оперативниот систем,  јавуваат за проблеми со избришани документи; проблеми со драјверите; и  проблеми со TaskManager.

Секако најголем проблем е што кај дел од корисниците е избришан „C:/Users/[username]/Documents/“ фолдерот, јави ZDNet.

Ако сте дел од „среќниците“ зафатени со надградбата користењето на Recuva софтверот за враќање на податоците е успешен кај дел од корисниците. За жал, не кај сите.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top