Бугарскиот стартап акцелератор LAUNCHub Ventures инвестираше 500.000 евра во словенечката компанија Mediately. Mediately е компанија која работи на мобилни апликации наменети за лекари и фармацевти. Софтерот кој го изработуваат им овозможува на лекарите поедноставно да дијагностицираат и да следат реума. Другиот софтвер е база на лекови и е наменет за фармацевтите.
Средствата од инвестицијата ќе бидат инвестирани во влез во неколку нови пазари. Компанијата веќе има апликации кои можат да се користат во Србија, Хрватска, Словенија, Чешка, Словачка и Романија, јави Startit.rs.

Апликациите на Mediately ги користат над 25.000 лекари и 50.000 корисници од регионот. Овие 50.000 во најголем дел се професионалци, како лекари, фармацевти, медицински лица или студенти по медицина.
„Минатата гофина направивме исчекор со етаблирање на партнерства со фармацевтските компании на пазарите на кои веќе бевме присутни. Бугарскиот инвестициски фонд LAUNCHub ни овозможува да се прошириме на нови пазари во регионот каде нема модерни уреди и потребна е модернизација на здравствениот систем“, вели Блаж Триглав.







