1 коментар 2 мин. читање 12 август, 2010

Политички Facebook дуел

„Денес, прославуваме мал јубилеј,“ вели СДСМ објавувајќи текст дека Facebook профилот на Бранко Црвенковски достигна 25.000 фанови.

Неколку часа подоцна се јави и ВМРО ДПМНЕ со твит и линк до Facebook профилот на Никола Груевски.

Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ
http://www.facebook.com/pages/Nikola-Gruevski/10642907715?ref=ts http://fb.me/ES9mlbr9Thu Aug 12 09:00:17 via Facebook

Но што сега? прашува Јане Ѓорѓиоски – Рибаро на својот Facebook ѕид.

„Ај да комуницира директно со поддржувачите и да разберам некако, ама да се нема ни трошка лична интеракција на социјален медиум и да се величи тоа, е тотално депласирано!“ вели тој.

Иако друштвените мрежи нудат можност за креативна комуникација и интеракција, сепак македонските партии не го користат нивниот потенцијал. Исто како и во офлајн светот. Ниту СДСМ ниту ВМРО на своите „ценети“ Facebook профили немаат никаква комуникација со нивните фанови. Без комуникација страните стануваат само место каде и фановите ја искажуваат својата љубов спрема политичките лидери.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}