Еден од поглупавите закони кој бараше дозвола за објавување на фотографии со јавни објекти за среќа не помина во Европскиот Парламент. Благодарение на отпорот од половина милион Европјани и неколку организации, сега сите ќе можат слободно и јавно да објавуваат селфи фотографии сликани пред Ајфеловата Кула, Биг Бен или останати познати објекти, без прекршувања на законот и без да се араат дозвола од архитектите кои ги изградиле објектите.
Европскиот парламент го прифати предлогот на пратеничката од шведската Партија на пиратите, Џулија Реда, и го отстрани контраверзниот член кој требаше да биде внесен во законот познат како „Freedom of Panorama“. Со овој закон им е дозволено на сите да прават свои дела со користење на јавните објекти без дозвола. Само 40 од 750 евро-пратеници гласаа да се воведе забраната. Но, не сите земји-членки ја прифатија целосната „слобода на панорама“. Пример во Франција фотографите ќе мора да бараат дозвола за своите јавно објавени дела направени со јавни објекти.
„Парламентот послуша повеќе од половина милион луѓе кои ми се приклучија во критиките на предлогот. Како резултат на ова Европјаните ќе можат да објавуваат селфија онлајн и да гледаат фотографии од познати објекти на Wikipedia без страв од авторски права. Мора да продолжиме сo важни измени во законите за авторски права како овој во сите земји членки“.
Следни мерки кои треба да се преземат е намалување на гео-блокирањето со кои ќе се овозможи малцинствата да пристапат до содржини на сопствениот јазик онлајн, вели г-ѓа. Реда.