Покрај негодувањата на Apple Европа побара универзален полнач

0 коментари 1 мин. читање

Apple неодамна остро се спротивстави на европските барања за универзален стандард за полначите за телефон. Компанијата се закани дека ова ќе значи поголемо загадување и намалување на иновативноста, но ова не ги поколеба Европјаните.

Европската Унија побара стандардизација за сите полначи на територијата на Европа. Претставниците во Европскиот парламент гласаа 580 гласа за и 40 гласа против. Ова треба да обезбеди не само поголема „удобност“ со уредите туку и можност за помал електронски отпад. Купувачите едноставно ќе можат да не купат полнач и да го користат стариот, пишува Reuters.

Кога се во прашање производителите на Android уреди тука речиси и да нема преголеми отстапувања. Најголем дел од полначите се исти, иако не сите телефони се со новиот USB-C стандард.

Покрај жичаните полначи Европа побара да се преземат мери и безжичните полначи да можат да се користат со повеќе уреди.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед