Подобра контрола врз партициите со MiniTool Partition Wizard Free 11

Пред неколку години, зборувавме за огромните предности на десетата верзија на MiniTool Partition Wizard. Оваа алатка е значителна надградба на интегранираната алатка во Windows оперативниот систем. Со MiniTool Partition можете да создавате, да поништувате, да бришете, да копирате, или да менувате големини на партиции, како и да клонирате или конвертирате дискови. Предностите не застануваат тука и нема да ве разочара ни доколку сакате да проверите дали има проблем со некој драјв, да вршите тестови, да скенирате за изгубени или поништени партиции, и многу повеќе.

Причината поради која повторно пишуваме за MiniTool Partition Wizard е тоа што единаесетата верзија е значително подобра од претходната, и во поглед на изгледот и во поглед на ефикасноста.

Како прво, MiniTool Partition Wizard Free 11 се одликува со Disk Benchmark, корисна алатка за добивање увид за перформансите на вашиот драјв преку вршење бројни тестови за запишување и читање податоци. Алатката Space Analyser ќе ви се најде доколку сакате да дознаете каква е ситуацијата со вашиот слободен простор и какви фајлови му ја загрозуваат неговата егзистенција. Имено, покренете го процесот со скенирање и набргу ќе дознаете кои фајлови, фолдери и апликации најмногу користат простор.

Овие и сите претходни функции се спремни за активација преку визуелно-освежен интерфејс, зад чија хауба се кријат и бројни исправки на багови и неправилности кои го прават значително пооптимизиран за работа во Windows 10 околина.

MiniTool Partition Wizard се испорачува во бесплатна и платежна верзија. За повеќето корисници, бесплатната верзија и како ќе заврши работа, но доколку сакате поголеми можности за справување со изгубени партиции, како и алатки за конверзија, потребно е еднократно плаќање во износ од 60 долари. Исто така, внимавајте при инсталирањето што прифаќате. Доколку избразате, инсталациониот пакет ќе проба да ви наметне несакани, дополнителни софтверски алатки.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments