1 коментар 2 мин. читање 26 декември, 2017

Поднесени тужби против Apple поради забавување на телефоните

Apple може да очекува најмалку три тужби поради својата одлука нетраспарентно да ги забави постарите телефони. Ова не важи за сите iPhone телефони, туку исклучиво за телефоните на кои им е дотрајана батеријата.

Минатата недела компанијата го потврди тврдењето на корисник од Reddit, кој тврди дека неговите iPhone 6 забрзал откако ја заменил батеријата. Apple објасни дека причината за ова е заштитата на уредите. Сепак ова објаснување не ги израдува корисниците.

Три различни групи корисници најавија групна тужба поради забавувањето на уредите. Тужбите се поднесени во Судот на Илиниос, Окружниот суд на Централна Калифорнија и Окружниот суд на Северна Калифорнија.

Обвинителите тврдат дека Apple намерно ги забавува телефоните секогаш кога ќе издадат нов телефон. Компанијата неколку пати досега објавила дека ниту сега, ниту порано го правела ова. Признанието дека го забавуваат процесорот на телефоните кои имаат дотрајана или дефектна батерија е прво вакво признание од Apple. Компаниајта повторно истакна дека и ова е за да обезбеди подобро искуство за своите корисници.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top