Skills that pay the bills е подкаст на Радио МОФ. Подкастот, разработува теми како претприемништво, младински вештини, самовработување, иновативност, маркетинг, состојба со родовиот јаз во приватниот сектор и слично. IT.mk не учествува во креирањето на содржината, но веруваме дека овие теми се важни и треба да ги споделиме со читателите.
Тања Дејаноска, стоматолог; Сузана Наумоска, сопственичката на „Изида Спа“; Весна Апостолска, позната по својата работилница „Мали нешта“ се гостите во оваа епизода на подкастот „Skills that pay the bills“. Тема на епизодата се жените претприемачи и како да се зголеми нивниот број.
Секоја од гостинките е во различна сфера – стоматологија, козметички услуги и ракотворби. Заедничко им е тоа што се успешни претприемачки со повеќегодишно искуство. Во Skills that pay the bills, ги раскажаа своите приказни.

„Бидејќи сме растеле во традиција каде мажот е носител на финансиите во семејството, жените стравуваат да направат некаков чекор. Вчера на средба жени сакаат да почнат и се двоумат. Една од жените кога ја кажала идејата на сопругот добила одговор – Не, што се замислуваш. Мене никој не ме поддржа, тоа е тешко. Особено една идеја која ја нема во провинција. Работам една тесно поврзана професија со догмите кај нас. Масажа – не мора. Жените чекаат. Не, нека не чекаат“, вели Сузана Наумоска.
Thank you for the great information gogoanimego