Подгответе се за тестови за возачка со македонска Android апликација

Image Courtesy of Pixabay

Доколку уште не сте го положиле возачкиот испит, една добра вест за вас. ТестовиВозачка е македонска Android апликација развиена од Александар Ангелов, која може да ви помогне да се подготвите.

Апликацијата е едноставна за користење. Корисникот може да одбере помеѓу: тест и вежби. Тестот е составен од избор од 30-прашања, а вежбањето овозможува да одговарате и да проверите дали ги знаете одговорите на прашањата.  Секако, најважно е што прашањата во апликацијата се официјалните од Министерството за внатрешни работи и прашањата се однесуваат на сите возачки категории – А, А1, Б, Д ,Д1, М, Ф, Г, Ц, Ц1.

Апликацијата нуди и комплетна статистика за прогресот кој ќе го имате за време на одговарањето на прашањата, што дава интересен осврт на процесот на учење.

ТестовиВозачка е бесплатна но со ограничувања, за да го отстраните лимитот од 100 прашања за тестовите треба да платите. Дополнително се чини дека е дозволено само еден обид на тестовите пред апликацијата да побара премиум верзија. Апликацијата истовремено на корисниците им овозможува:

  • да одберат прашања според тежината;
  • да селектираат прашања кои сакаат да ги разгледаат или
  • да изберат дека некое прашање веќе го знаат.

За корисниците кои се подговуваат да полагаат цената од околу 30 денари (0.54 долари), е симболична. Можеби и дел од агенците кои ги подготвуваат идните возачи можат да инвестираат и да ја обезбедат оваа апликација за своите корисници и да го подобрат процесот на учење. Можеби тоа дополнително ќе го мотивира Александар да поработи и на дизајнот на самата апликација, која за сега не нуди баш добро корисничко искуство.

Како предност на апликацијата е што за нејзино користење по преземањето не е потребна интернет конекција и може да се едуцирате и офлајн. Апликацијата е достапна на Google Play, за сите телефони со Android 4.0.3 и понов ОС.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk