Подгответе се за новите господари! Google креираше AI која си го криптира сообраќајот

2 коментари 1 мин. читање

Вештачката интелигенција успешно заврши нов потфат. Научниците во тимот на Google Brain, покажаа дека компјутерите можат самите да си го криптираат сообраќајот и да си испраќаат „пораки“. Со ова компјутерите би можеле да го скријат сообраќајот во иднина, но целиот проект е само тест.

Експериментот е малку посложен. Истражувачите Мартин Абади и Дејвид Андерсон од Google вклучија три компјутери: „Алис“, „Боб“ и „Ева“. Алис треба да создаде енкрипција и да му ја испрати на Боб. Боб треба да ја дешифрира оваа порака. Ева треба да ја украде пораката. Алис и Боб го знаат клучот; Ева не го знае клучот. Вештачката интелигенција „не знае“ како до го криптира сообраќајот или која техника да ја користи.

image-1186

Тестот беше повторен 15.000 пати, по што Боб успеа точно да ја претвори пораката во текст. Ева успешно погоди 8 од 16 бити, со оглед на тоа дека битовите се 1 или 0 резултатот е како погодување на слепо.

Најголемиот проблем на практична примена на тестот е што е непознато како вештачката интелигенција го креира криптирањето. Поради тоа и самата безбедност на целиот процес е непозната. Поради ова во прво време технологијата нема да има практична примена констатира Engadget.

Повеќе за ова истражување, тука.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед