0 коментари 2 мин. читање

Податоците за климатски промени од САД се безбедни во Европа

Додека траeше инаугурацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, програмери и научници ги префрлаа податоците за климатските промени со цел да ги заштитат информациите.  Група од шеесет програмери и научници на универзитеот UCLA ги префрли податоците од американски сервери и ги префрли на сервери лоцирани во Европа.

Ова беше претходно испланирано и требаше да се случи во првите 100 дена на новата администрација. Но, откако веднаш по инаугурацијата исчезнаа дел од владините .gov веб-страници поврзани со информации за климатски промени, групата одлучи да го забрза процесот. Промените се вообичаени по менувањето на администрацијата во САД; но овој пат наеднаш исчезна секое спомнување на „климатски промени“ на владините сајтови, пренесе Quartz.

Научниците и програмерите беа решителни да ги префрлат сите податоци кои ги поседуваат на безбедно. Организирани се настани за спасување во: Филаделфија, Чикаго, Индианаполис и Детроит. Последниве недели се спасуваа податоци од EPA.gov, NASA.gov, DOE.gov и WhiteHouse.gov.

„Посакувам да не сме во право и залудно да се грижевме. Но, за ова се подготвувавме.“, вели член на групата, г-дин Бетани Вигин.

Следните 100 дена, волонтери ќе ги скенираат страните и ќе ги споредувааат со архивите од пред промените. Потоа овие наоди ќе се споделат со јавноста. Податоците ќе се споделат во САД, но и во бази надвор од САД, како Канада и Европа.

„Креиравме огромен архивски облак кој пребарува по веб-страниците за да ги зачува. Мислев, еј, ја имаме целата инфраструктура.“, вели Мајкл Рејдук од канадската компанија Page Freezer. „Се слушнав со Вигин и реков, можеме да ги архивираме овие податоци за вас, па потоа да најдеме начин како да ги презентираме“.

Еден ден по инаугурацијата тимот на Рејдук архивира најголем дел од веб-страниците. Page Freezer има 3 дата-центри: во САД, Канада и Европа. Центарот во Европа има најмногу простор па податоците се префлени на овие сервери.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top