Спонзориран текст

Pocketbook Touch HD 3 – е-читач кој ќе ве импресионира

Спонзорирано од Anhoch

во feature, Спонзорирани, Хардвер

Ворен Бафет деневно минува 5 до 6 часа во читање; Бил Гејтс секоја година чита барем 50 книги; Марк Закерберг чита една книга на два недели; Додека растел Илон Маск читал 2 книги дневно; Марк Кубан чита барем 3 часа во денот. Читањето книги има повеќе придобивки: од збогатување на речникот, до намалување на стресот, подобрување на концентрацијата и подобрување на меморијата и фокусот.

Секако дел од читателите на книги не веруваа дека хартијата може да ја заменат со таблет компјутери или телефони, но по развивањето на e-ink екраните останаа само најтврдокорните „поддржувачи на хартијата“, формат кој без сомневање сè уште има свои предности. Сепак цената која ја плаќаме за хартијата и неопходноста за зачувување на дрвјата, прави e-ink таблетите да бидат популарен избор последниве неколку години.

Веројатно вистинското прашање во оваа категорија на e-ink уреди е дали некој од уредите нуди нешто повеќе или барем различно од Kindle на Amazon што ќе ве убеди дека можеби со овој уред ќе направите подобар избор.

Pocketbook Touch HD 3

Pocketbook Touch HD 3 е e-ink таблет компјутер наменет за читање на книги и слушање на аудио книги. Таблетот доаѓа и со неколку други можности, како разгледување на интернет страници, играње на неколку друштвени игри, но ова секако не е негова основна намена. Она што му е основна намена е читање на книги, од што е можно повеќе извори, и во што е можно повеќе формати, и тоа го прави и солидно.

Димензиите во кои е спакуван 6-инчниот дисплеј се 161 х 118 x 8mm и таблетот одлично лежи во рака, малку подобро легнат, отколку исправен.  Тежи 155 грама, што некако е таман, нема да ве измори, а и не прелесен „да заборавите“ дека го имате.

Pocketbook Touch HD3 е со IPX 7 заштита, ова го прави водоотпорен и може да издржи 30 минути во длабочина од 1 метар. Ова не важи за солена вода која може да го расипе или да ја наруши работата на уредот.

Пакување

Таблетот доаѓа сместен и добро заштитен во картонска кутија, околу него има заштита која го чува од потреси во текот на транспортот. Во пакувањето, заедно со таблетот доаѓаат и кабел за полнење и microUSB-аудио адаптер.

Иако баш и не се дел од пакувањето, заедно со таблетот доаѓаат и 97 бесплатни книги.

Хардвер:

Секако центар на секој таблет наменет за читање на книги е неговиот екран. Pocketbook Touch HD 3 доаѓа со 6-инчен E ink Carta дисплеј со резолуција 1072 х 1448, 300dpi и може да прикаже 16 нивоа на сиво (16 levels of greyscale). Екранот доаѓа и со „позадинско“ осветлување што на корисникот му овозможува да чита и во услови кога нема доволно светлина.

Екранот е одличен иако поради ограничувањата кои сè уште постојат во технологијата за e-ink екрани може да помислите поинаку. Ова пред сѐ важи ако ова е вашиот прв таблет кој се управува и со допир. Ако „скролате“ пребрзо ќе добиете впечаток дека екранот и уредот се нереспонзивни, но тоа не е случај. Ова засега останува најголем недостаток на технологијата.

Што се однесува на вториот клучен дел од хардверот, батеријата, производителот ветува дека може да работи до 1 месец помеѓу полнења, за три дена користење се „потроши“ од 98 на 95%. Секако ако прогнозите се точни, веројатно може да заборавите на батеријата, а капацицетот е и повеќе од доволен за да може да се заборавите читајќи.

PocketBook Touch HD3 има 16 GB флеш диск, иако по инсталацијата на оперативниот систем овој простор е помал. За жал, нема начин за проширување на овој простор иако може да интегрирате повеќе облак сервиси и складишта како Dropbox и PocketBook Cloud што го прави просторот потребен на дискот значително помал. Таблетот има и 512MB RAM меморија што е сосем доволнa за неговата намена.

PocketBook Touch HD 3
Дисплеј6″ E Ink® Carta™ (1072 × 1448)
Задно осветлување+ (SMARTlight)
ЗаштитаHZO ProtectionTM (IPX 7)
Текст-во-говорАнглиски и 15 други јазици достапни за преземање
Сензор за допирCapacitive (multisensory)
Димензии161,3 x 108 x 8 mm
Нијанси на сива16 нивоа сива
Батерија1500 mAh (Li-Ion Polymer). Up to one month of battery life (may vary depending on usage mode, connectivity and settings).
ПроцесорДвојадрен (2×1 GHz)
Меморија512 MB
Флеш меморија16 GB (Слободниот простор на дискот зависи од конфигурацијата на софтверот)
USB интерфејсMicro-USB
Аудио излезMP3 (micro USB адаптер и Bluetooth)
Формати на е-книгиPDF, PDF(DRM), EPUB, EPUB(DRM), DJVU, FB2, FB2.ZIP, DOC, DOCX, RTF, PRC, TXT, CHM, HTM, HTML, MOBI, ACSM
Формати на сликиJPEG, BMP, PNG, TIFF
Формати на аудиоMP3, M4B
Тежина155 g
Безжично поврзувањеWi-Fi (802.11 b/g/n)
Дополнителни карактеристикиPocketBook Cloud, ReadRate, Dropbox PocketBook, Send-to-PocketBook. Book store, Library, Dictionary, Browser, Audio Books, Audio player, Gallery, Calculator, RSS News, Notes, Chess, Klondike, Scribble, Sudoku.
МатеријалПластика
РечникABBYY Lingvo® dictionaries (24 language combinations), English – German, Webster’s Dictionary 1913

Софтвер

На самото вклучување на таблетот ве „пречекува“ страницата „Дома“. Во центарот на страницата е „карусел“ со последните книги кои сте ги отвориле. Корисникот може со повлекување на прстот налево и надесно да ги менува овие книги без притоа да ги менува останатите податоци на страницата. Под неа се други поинтересни податоци за книгите кои се инсталирани на уредот.

Самиот оперативен систем е едноставен за користење и навигација, иако ако сте навикнати на паметен телефон ќе треба некое време да се привикнете на командите на уредот. Не сум сигурен дали ќе биде секогаш практично, но една од командите кои пријатно ме изненадија е можноста за едноставно управување со осветленоста на екранот додека читате. Ова се прави со едноставно повлекување на прстот нагоре или надолу по екранот. Левото и десното повлекување врз екранот секако се резервирани за промени на страниците. Добра вест е дека иако постои овој начин за листање на таблетот има и две физички копчиња кои ви овозможуваат листање.

Во главното мени се наоѓаат основите функционалности, вклучување на Wi-Fi и Bluetooth, активирање на осветлувањето на дисплејот, „Task Manager“ со кој може да проверите што е отворено и треба да се затвори, функција за синхронизација која главно е корисна за проверка на оперативниот систем.

Во долното мени се сместени апликациите, и иако нема премногу има сè што ви е потребно. Па ќе може да читате или ако правите пауза да поиграте шах, да решите судоку или да нацртате нешто. Интернет пребарувачот секако е црно бел и некако не е премногу возбудлив за користење ако не е неопходно. Овие функционалности секако не се основната причина за користење и се баш додаток, а не главна функционалност. Главна функционалност на таблетот секако се книгите, а за ова е таблетот е одлична алатка.

Читателот има и повеќе од доволно можности за уредување на содржината која ја чита, од зголемување на фонтот до зголемување на просторот помеѓу редовите и маргините околу текстот. Во зависност од тоа како ви е поудобно да читате на таблетот, може да го држите исправено или легнато. Ова може да го фиксирате од менито или да го оставите отклучено и да се менува со помош на жироскоп-сензорот.

Добра вест е дека уредот има поддршка за сите, или барем за огромен дел од најпопуларните формати кои се користат за книги. Ќе може да читате: PDF, PDF(DRM), EPUB, EPUB(DRM), DJVU, FB2, FB2.ZIP, DOC, DOCX, RTF, PRC, TXT, CHM, HTM, HTML, MOBI и ACSM. Книги за таблетот, туку ќе мора да ги качувате или ако живеете на локација каде ова е можно, да ги позајмите од библиотека.

Корисен додаток на уредот е што има и куп инсталирани речници за различни јазици. Ова можеби е и разбирливо со оглед на тоа дека PocketBook се произведува во Европа.

Уредите на PocketBook имаат поддршка за навистина многу јазици и македонскиот е еден од нив, секако книгите на македонски ќе треба да ги најдете сами.

Најголема предност на уредот е што ве држи надвор од „дигиталните ѕидови“ на продавниците како Amazon, Barnes & Noble, Apple, Google и слично. Ова значи дека добар дел од книгите сами ќе треба да префрлате на уредот, но поддршката за куп различни формати барем значи дека најчесто нема да мора да користите дополнително алатки за менување на форматот. За среќа и префрлањето на книги и аудио книги е многу едноставно, па корисникот единствено треба да го вклучи таблетот и да чита.

Производите на Pocketbook може да ги најдете во Anhoch.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Anhoch . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]