Уметникот Боб Рос требаше да биде гостин само еден ден на Twitch Creative, со цел да го популаризира каналот. Но, откако неговите видеа привлекоа 5,6 милиони гледачи, Twitch одлучи дека „The Joy of Painting“ ќе се претвори во редовно шоу закажано за секој понеделник. Бидејќи станува збор за маратон од 21 сезона на ТВ серијата, 5,6 милиони гледачи изгледале 545.880.000 минути од сериите, и испратиле 7,6 милиони пораки и 3,8 милиони KappaRoss емотикони.
Со оглед на тоа дека најголем дел од каналите на Twitch не достигаат ваква популарност, интернет телевизијата одлучи дека The Joy of Painting треба да има повеќе од една сезона. Секој понеделник од 18:00 попладне до 12:30 по полноќ (за жал во Европа ова е од 12 по полноќ до 6 наутро), на каналот ќе се емитува една сезона од ТВ шоуто. Но, бидејќи Боб Рос успеа да сними 30 сезони, не се планираат репризи на епизодите. Платформата ги има правата за шоуто, а на секои седум месеци ќе шоуто ќе започне од почеток.
Благодарение на договорот кој го има Twitch, стримерите ќе можат да цртаат заедно со видеата на Боб Рос и потоа заедно со коментари и сопствени слики да ги споделат своите видеа. „Twitch Creative е најбрзорастечка содржина на видеа кои не се игри, а покрај тоа што сервисот главни има доминантно машка публика, на овие канали половите се поизедначени“, јави TechCrunch.