Иако севкупното YouTube искуство знае да биде исклучително флуидно, знаете како викаат: од брзо има и побрзо.
FasTube е екстензија за прелистувачот Chrome која значително го забрзува одбирањето видеа за стримување. Забрзувањето произлегува од фактот што со екстензијата не се постојано вчитува целата страна. Имено, секојпат кога ќе кликнете на некое видео, ќе можете истото да го прегледате од истата страна. За стандарден начин на прегледување, односно, за целосно вчитување на страна со избраното видео, потребно е да кликнете на насловот на видеото, а не на сликата која го одбележува. FasTube се одликува и со интересен „dark mode“ каде се околу видеото се затемнува, а максималниот фокус е на она што сакате да го гледате. На располагање имате и можност за ротирање на видеото. Преземете ја екстензијата тука!
Од друга страна, Fast YouTube Load е слична екстензија, но за Firefox. Таа ветува да го забрза вчитувањето на YouTube и до пет пати, така што го оптимизира кодот кој се користи за рендерирање видеа на сајтот. За потребите на ваквото нешто, се менува и самиот изглед на youTube и се прикажува во pre-Polymer ерата. Fast YouTube Load ви стои на располагање од тука.