Започна Светското е-спорт првенство во Counter Strike Global Offensive кое се одржува во Каошиунг. На првиот ден македонската репрезентација одигра два натпревари и забележа победа и пораз.
Репрезентацијата успеа да дојде до победа против со 16:1 успеа да дојде до 3 бода против Team Namibia од Намибија. Тимот Aequus од Израел ја победи македонската репрезентација со 16:9. Ова значи дека одлучувачки за поминувањето на групатa останува следниот натпревар.
Во првото коло Aequus од Израел го победи AaB од Данска со 16:2; AaB во второто коло ги победи Team Namibia со 16:0. Vilay eSports и AeB esport во директен натпревар ќе „решат“ кој тим оди понатаму.
Изгледот на табелата е следен:
Група Б | M | W | T | L | RD | P |
Aequus | 2 | 2 | 0 | 0 | 21 | 6 |
Vilay | 2 | 1 | 0 | 1 | 8 | 3 |
AeB | 2 | 1 | 0 | 1 | 2 | 3 |
Namibia | 2 | 0 | 0 | 2 | -31 | 0 |
Претставник на Македонија е тимот на Vilay Esport, во состав: Борче „boro“ Ѓоргиевски, Кристијан „kilera“ Куковски, Димитар „ranniN“ Аврамоски, Иван „sao“ Цветаноски и Душан „duksi“ Кацески.
Од претходно веќе знаевме дека за да ја поминат групата и да продолжат понатаму на Светското првенство на репрезентативците ќе им бидат потребни 2 победи. Репрезентацијата вечерва ќе го игра клучниот натпревар за останување на првенството. Е-спорт фанатиците можат да ги следат настпреварите во живо на Twitch.
За повеќе податоци од Светското еспорт првенство, следете ја страницата на Македонската еспорт федерација.