По пет години, што е следно за Grouper.mk?

во Интервјуа, ИТ.МК

Верувам дека барем еднаш сте купиле купон од Grouper.mk. A зошто да не? Сервисите за групно купување нуди неверојатни попусти на работи што сите ние ги сакаме. Затоа не е воопшто изненадување што Grouper.mk и по петтиот роденден продолжува да расте со исто темпо, достигнувајќи 100.000 корисници.

Но, освен што е успешна приказна дека популарни интернет сервиси можат да се адаптираат и за локалниот пазар; Grouper.mk e важен за македонската е-трговија, бидејќи заедно со кинескиот Alibaba и локалните конкуренти Kupinapopust, го тргнаа скептицизмот за онлајн купување. Сега се повеќе македонци прегледуваат интернет продавници, а околу 30 отсто од корисниците на Grouper.mk веќе купуваат преку мобилен. Но, дали тие 30 отсто се мал процент ако знаеме дека секој корисник поседува телефон.

„Ние не би рекле дека „само” 30% купуваат онлајн, иако секако постојано работиме на ова поле за бројката да расте. Точно дека мобилната пенетрација е 110%, но ако се земе предвид дека се работи за онлајн купување, а не едноставно користење за социјални медиуми или читање информации, и ако се додаде фактот дека 15% од интернет корисниците купиле нешто онлајн во изминатите 12 месеци, а интернет пенетрацијата е 70% (Државен завод за статистика), ние сме задоволни од досешниот резултат“, вели Нина Ангеловска, директорка на Grouper.mk.

Во своите пет години, Grouper.mk секоја година има по 20.000 нови корисници, по 300 нови соработници, и по 4.000 нови зделки. Продажбите искрено се импресивни. Секоја година се забележува раст од околу 120.000 продадени купони, достигнувајќи скоро 400.000 продажби во 2015-та година.

Но, постои граница на бројот на корисници. Логичното прашање е што ќе се случи кога ќе се достигне максималниот број на корисници кои сакаат да купат купони? Добив соодветен одговор од Нина која секојпат е расположена за предизвици. „Има уште многу да се работи. Но, секако имаме планови, а истите се насочени оваа година кон вертикално ширење. Првата златна зделка која има огромен интерес е уште еден показател за да понудиме повеќе производи за корисниците, на што ќе работиме во периодот кој следи. Покрај тоа имаме планови за воведување новини и за соработниците“, вели таа.

Сега најпопуларните зделки кои ги продава Grouper се за храна и пијалоци, околу 37 отсто, што не изненадува бидејќи не се работи за скапи зделки. Но, истовремено се продадоа вкупно 30.000 патувања во Банско. Рекордот досега се 12.371 продадени купони за еден викенд за Black Friday во ноември, што покажува дека македонските корисници се отворени за нови нешта кои ќе им заштедат пари.

Grouper_5godini_Infographic_1633px

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
2 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Еден од ретките успешни и инспиративни македонски стартапи, Grouper.mk стигна до уште еден значителен јубилеј. Стартапот успеа да продаде 500.000 купони, а оваа бројка е уште поимпресивна доколку се има во предвид дека истовремено го пробиваат патот на е-трговијата во Македонија. […]

trackback

[…] му веруваат на интернет плаќањето. Но, Grouper го прослави својот 5 роденден со фасцинантни бројки од над 100.000 корисници од кои 30% […]