0 коментари 2 мин. читање 19 октомври, 2016

По играта со мачки, креаторот на The Oatmeal, Метју Инман ве кани да играте со мечки

По Exploding Kittens, Метју Инман од популарниот сајт The Oatmeal собира средства за нова игра со карти, повторно на KickStarter. Негов партнер и во овој проект е Илан Ли од Xbox и ARG. Претходната игра со карти собра над 8,7 милиони американски долари од над 219.000 поддржувачи, а нивната нова игра е на добар пат да ја престигне. На 29 дена до крај, или само 2 дена од започнување на Kickstarter кампањата, играта веќе собра над 978.000 американски долари, од околу 26.000 поддржувачи.

Како и претходната игра, и оваа е забавна, смешна, a и пред сѐ многу, многу едноставна. Играчите, еден по еден од купчето карти влечат бебиња и мечки. Мечките треба да се состават од глава, торзо, нозе, а бебињата се играат веднаш. На крајот од рундата играчите со мечките треба да ги победат лошите бебиња! Победникот се дознава едноставно, ако има повеќе бебиња отколу што „мечката“ има делови победник се бебињата, во другиот случај победуваат играчите.

Цената на играта во претпродажба е 25 долари. За оваа сума поддржувачите ќе го добијат основниот сет од 80 карти, доволен за 2 до 4 играчи. NSFW шпилот чини 35 долари, но бројот на карти е ист. Кампањата завршува за 29 дена, a испорaките на играта започнуваат во јуни 2017.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top