0 коментари 2 мин. читање 12 април, 2021

По Facebook и LinkedIn, споделени податоци и од ClubHouse

Темата која се повторува последниве десет дена е објава на податоци од друштвени мрежи. Последна жртва на овие напади е најновата аудио друштвена мрежа ClubHouse.

SQL база на податоци со 1,3 милиони корисници на ClubHouse е бесплатно достапна на популарен хакерски форум, јави CyberNews. Оваа бројка е значително помала од оние на Facebook и LinkedIn, но бројот на корисници на оваа друштвена мрежа е околу 10 милиони. Една од причините за малиот број на корисниците е што приклучувањето на друштвената мрежа сè уште е со покани. ClubHouse секако е најинтересната друштвена мрежа во моментов.

Споделените податоци на корисниците содржат:

  • User ID од ClubHouse
  • Име
  • URL до фотографијата
  • Twitter handle
  • Instagram handle
  • Број на следбеници
  • Број на луѓе кои ги следи корисникот
  • Дата на креирање на профилот
  • Корисник кој ја испратил поканата

Добра вест е дека сите податоци се информации за ClubHouse профилот. Нема сериозни лични податоци, броеви на платежни картички, ниту имејл адреси. Овие податоци може да се користат за фишинг измами кои се најзлоупотребуваниот начин за добивање на дополнителен пристап и податоци од корисниците. Ова е еден од начините кој напаѓачите го користат за преку вработените да дојдат до пристап до компаниите.

Засега ClubHouse не ја потврдил автентичноста на споделените податоци.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top