PlayStation Now доаѓа на PC, заедно со стримувањето

Image Courtesy of Sony Interactive Entertainment Inc.

Sony ги официјализира гласините дека PlayStation Now сервисот ќе ги отвори портите и на сопствениците на десктоп компјутери. Паралелно со сервисот за стримување, гејмерите ќе имаат можност да купат безжичен DualShock 4 PC adapter. Направата ќе се појави во продавниците овој септември, но не се знае кога стриминг услугата ќе стане достапна. Она што знаеме е дека DualShock 4 PC adapter-от ќе чини 25 долари. Месечната претплата за PlayStation Now чини 20 долари, односно 45 долари за три месеци.

PlayStation Now e гејминг сервис базиран на cloud технологијата, а ви дозволува да играте PS3 игри така што истите се стримуваат преку интернет. Или, со други зборови, PlayStation Now е за игри она што Netflix е за филмови. Имено, земјите кои можат да се претплатат на услугата имаат на располагање над 400 игри, не исклучувајќи ги ексклузивните наслови како The Last of Us, God of War или Uncharted трилогијата.

PlayStation Now беше по прв пат најавена уште во 2014, а полека почна да се проширува низ многу земји. Сервисот за PC првин ќе се појави во Европа, па потоа и во Северна Америка. Искрено се надеваме дека и Македонија ќе биде една од земјите кои ќе можат да уживаат во оваа предност, иако досега сопствениците на PlayStation конзоли во земјава немаат можност да се регистрираат како од Македонија (повеќе инфо на оваа тема на ИТ форумот). Во меѓувреме, погледнете ја препорачаната конфигурација за флуидно искуство на сите игри од PlayStation Now.

  • Оперативен систем: Windows 7 (SP 1), 8.1, или 10
  • Процесор: 3.5 GHz Intel Core i3 или 3.8 GHz AMD A10 or faster
  • Простор на хард диск: 300 MB или повеќе
  • РАМ: 2 GB или повеќе
  • Останато: Звучна карта; USB порт
  • Интернет конекција со најмалку 5 Mbps брзина.
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments