Pixel Press најде начин како да претвори физички цртеж во видео игра

0 коментари 1 мин. читање

Што ако креирањето на видео игри беше едноставно како да ги цртате? Pixel Press ќе го овозможи оживувањете на цртежи во аркадни игри од типот на Super Mario. Опремата која е потребна се лаптоп, принтер, iPad, моливче, гума и многу, многу фантазија.

Креирањето на видео игри е наједноставно досега. Kреаторот на листот ги одбележува препреките, на пример Х е замена за „боцка“, a oткако цртањето е завршено, корисникот ја „фотографира“ сликата со iPad и играта е готова за тестирање. Се разбира пред споделувањето на играта со другите играчи, креаторот може да ја обои играта и да додаде аудио. Резултат на ова е „old school“-8 битна аркадна игра.

Засега за жал апликацијата сè уште е во тест фаза, но iOS верзијата е најавена за декмври, а Pixel Press веќе работат и на Android апликација која ќе биде достапна во 2014. Цената на апликациите е 10 долари и за двата оперативни системи.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top