0 коментари 1 мин. читање

Пишувајте поезија со Rimuvaj.mk

{mosimage} Rimuvaj.mk е интересен made-in-mk веб сервис. Се работи за едноставен сервис кој нуди рима на зборовите. Сервисот и покрај тоа што е во бета, почетна фаза сепак нуди огромна листа на зборови. На секој збор што го внесов ми даде листа на зборови што се римуваат со него, што значи дека е и голем лексикон.

Тоа што фали на сервисот е што е само за римување. Бидејќи има ризница со зборови може да послужи како одличен речник за синоними, на пример. Креаторите најавуваат уште промени и „подобрување во квалитетот“ па ќе видиме што ќе биде од овој интересен веб сервис, кој сега е одличен сервис за пишување поезија. Или за рап песна.

Покрај сајтот, Rimuvaj.mk можете да го најдете и на Facebook.

{mosimage}



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top