1 коментар 3 мин. читање 16 февруари, 2015

Apple работи на електричен автомобил, или само на план како да го купи Tesla Motors?

Apple има неколку стотици вработени кои работат на електричниот автомобил, јавува Ars Technica. Поради таинственоста на Apple не е потполно јасно за што се работи, и иако шпекулациите се дека е автомобил, сепак имаме резерва бидејќи тоа е малку поголем и поразличен продукт од тоа што го прави компанијата. Но, Apple дури успеал да убеди и околу 50 инженери од Tesla Motors да се приклучат на проектот, кој според првите најави е наречен „Project Titan“, јавува уште еден голем медиум Business Insider. Неодамна Apple го ангажираше и Марк Њусон, поранешен дизајнер од Форд, кој е креатор на концепт-возило 021C.

„Најновиот проект на Apple е превозбудлив за да биде пропуштен. Мислам дека ќе го промени екосистемот и ќе биде конкуренција за Tesla“, вели изворот на Business Insider.

Дури и ако Apple работи на автомобил, можно е тој да биде направен во соработка со вистински производители на автомобили. Дел од изворите јавуваат дека во Apple се сретнале со производители кои произведуваат луксузни автомобили. Но, друг проект кој можеби е и поверојатен е iPhone-to-car искуство и подобра интеграција на CarPlay, кој овозможува контрола на дел од системите во автомобилите.

Можеби најинтересното предвидување доаѓа од Џејсон Калаканис, креатор на Weblogs и ангел-инвеститор. Тој предвидува дека е можно Apple во следните 18 месеци да го купи Tesla Motors за 75 милијарди долари, што е речиси 10 отсто од вредноста на Apple. Со ова Apple би го добиле најквалитетниот електричен автомобил на пазарот, а Илон Маск ќе може во целост да се посвети на SpaceX и колонизацијата на Марс. Сепак г. Маск во интервју за Business Insider ги демантира шпекулациите за можната аквизиција, иако доколку се променат состојбите не ја исклучува можноста.

„Доколки постои сценарио во кое ќе може да се зголеми пазарот за достаен и посакуван електричен автомобил, тогаш можеби би можеле да размислуваме за ова. Но, во моментов не гледам вакво сценарио со кое би се зголемиле ове можности и затоа велам дека е тешко остварливо“, вели г.Маск.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}