ЕУ проектот за побезбеден слободен софтвер започнува oд KeePass и Apache

Пилот проектот на Европската унија за поголема безбедност на технологијата со отворен код, FOSSA, започнува со ревизија на KeePass и Apache HTTP Server. Овие две технологии се избор на јавноста, KeePass со 23 отсто гласови и Apache HTTP Server со 19 отсто гласови, вели Џулија Реда, пратеник од шведската Партија на пиратите.

KeePass е менаџер за лозинки, апликација која овозможува лесно креирање и користење на сложени лозинки. Апликацијата овозможува креирање на различни лозинки за секој сервис и вебсајтови, наместо користење на една лозинка насекаде. Apache HTTP Server се користи во половина од сајтовите кои ги посетуваме, и е најчесто користен во институциите на Европската унија.

За првиот пилот проект организаторите Џулија Реда и Макс Андерсон се одлучија да ги послушаат граѓаните кои имаа можност да го кажат своето мислење на јавно гласање. Освен KeePass и Apache, забележителен број гласови добија и: VLC Media Player (8,8 отсто), Linux библиотеки (8,6 отсто) и MySQL (13,5 отсто од гласовите). Гласовите на 3.300 анкетирани граѓани ќе бидат замени в предвид за следните фази на проектот.

Во следната фаза, тимови од консултантската компанија Everis ќе ги контактираат тимовите зад KeePass и Apache, и ќе направат ревизија на кодот. Безбедносните пропусти ќе му бидат соопштени на тимот, а предвидувањата се дека оваа фаза ќе трае до октомври.

euanketa

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments