Илон Маск предупредува: DARPA ќе го донесе Skynet

1 коментар 1 мин. читање

Понекогаш е навистина тешко да се одреди дали Илон Маск е сериозен или неговата брилијантност конечно го полудела. Неодамна г. Маск ги предупреди организаторите на Cyber Grand Challenge дека овој настан може да креира нешто налик на вештачката интелигенција од Терминатор, Skynet. Ова не е прв пат тој да ги критикува креаторите на вештачка интелигенција, бидејќи г. Маск е еден од заговорниците за прогласување на мораториум на развојот на паметните машини.

Cyber Grand Challenge (CGC) е настан на кој луѓето немаат право на учество. Вештачката интелигенција ќе се натпреварува во „capture the flag“ категорија. Ова вообичаено е натпревар во кој учествуваат хакери, но сега наместо луѓе, вештачката интелигенција ќе треба да ги пронајде и употреби безбедносните пропусти да дојде до посакуваната цел.

Целта на натпреварот е креирање на вештачка интелигенција, која ќе може побрзо и поефикасно да се справи со нападите и да се одбрани од сајбер напади. Опасноста од креирање на Skynet е мала, но г. Маск сака да потсети на опасностите од случајни непосакувани резултати, констатира Inverse.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top