0 коментари 2 мин. читање 27 март, 2015

Pheed е нова мобилна друштвена мрежа кој доби први позитивни критики

Pheed е нова друштвена мрежа и како речиси сите останати друштвени мрежи започнува со многу позитивни критики. Апликацијата е една од најпопуларните во AppStore и на листата е пред Twitter и Facebook, јави Web Trends. Според описот апликацијата е спој на сите мрежи во едно – Twitter, Facebook, Tumblr и Instagram. Овозможува споделување на слики, аудио, видео и стрим кои понатаму се достапни во фид до корисниците. Мотото на Pheed е „A place to express yourself“. Описот на апликацијата на AppStore е всушност куп на размислување кои ги дале дел од медиумите како: „Новиот Twitter“, наслов од Forbes или „Новото социјално лудило“, наслов од Mashable.

Како и на останатите друштвени мрежи секој корисник има свој профил на кој е регистрана секоја нивна активност, а тоа по што се разликуваат е начинот на кој овозможуваат филтрирање на содржините кои не се достапен на останатите мрежи. Апликацијата овозможува вметнување на филтер на фотографиите и видеата кои се споделени, аудио филтер за звукот и можност за споделување на песните од iTunes. Интересно слично како и на Twitter, Pheed има ограничување на бројот на карактери кои може да го внесат корисниците, овој пат 420 карактери кои треба да се доволни за изразување.

Pheed овозможува креирање на профил преку некоја од останатите мрежи Twitter, Facebook, како и прeку имејл адреса. Доколку креирате профил преку некоја од другите мрежи Pheed ќе повлече дел од податоците од нив, па на пример сликата името и дел од претходните активности ќе бидат презентирани.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top