Во ограничениот пазар со VR игри, Pets & Stuff се истакнува како топла, визуелно привлечна и емотивно пријатна игра која ќе најде начин да ги задоволи сите што да се грижат за животни. Развиена од HyperVR Games, оваа игра се одликува со едноставен, но длабоко ангажирачки концепт: како да станете виртуелен ветеринар и стилист и како да си го разубавите денот преку несебична грижа за бројните миленичиња.

Во Pets & Stuff се ставате во улога на стручни негуватели, ветеринари и стилисти и имате за задача да пружате грижа за најразлични животни, како мачки, кучиња, ракуни, лисици и елени. Играта не се ограничува само на пружање медицинска нега – туку и на чистење, хранење, стилизирање, па дури и фотографирање на животните по нивниот нов изглед.

Една од најинтересните карактеристики е широкиот спектар на алатки и додатоци. Од четки и шампони до шарени марами и капчиња, вие може да бидете колку ветеринар, толку и моден стилист. Овој баланс меѓу функционалната грижа и креативното уредување е една од најсилните точки на играта.

Визуелниот стил на играта е живописен и детално изработен. Моделите на животните се внимателно изработени, но далеку од реалистични. Сепак, на располагање имате богати и детални текстури кои создаваат впечаток дека речиси можете да го почувствувате мекото крзно под вашите прсти. Звукот, иако ненаметлив, придонесува за релаксирачката атмосфера. Амбиенталната музика е спокојна, а звуците на животните се реалистични. Се што е направено во играта се труди да понуди топло и смирувачко искуство.

Играта не се задржува само во една клиника. Како што напредувате, имате можност да ја проширите и надградите вашата локација, отворајќи ви нови територии како шуми или фарми. Ова отвора и можности да се сретнете со нови животни, како и да се соочите со нови предизвици. Целиот концепт внимателно разрабоен, полека поплочувајќи пат за една впечатлива авантура.

Pets & Stuff е топла, шарена и пријатна симулација што ја фокусира својата енергија на убавината во малите гестови – четкање крзно, избор на аксесоари, и давење во среќните очи на едно спасено животно. Со одлична графика, лесна интерактивност и голем избор на опции, играта остава впечаток на квалитетен и позитивен наслов. Но, ова е наслов кој крие едноставни механики и првенствено ќе им се допадне на помладите гејмери од вашето семејство. Надвор од позитивни вибрации, играта не се одликува со комплексни симулативни механики кои ќе направат подобар ветеринар или стилист. Но, дефинитивно ќе ве релаксираат. Понекогаш, тоа е сосема доволно.








