Пет совети за вашиот Facebook Messenger

Facebook Messenger, апликацијата која, понекогаш, сакаме да ја мразиме, има бројни скриени работи кои би можеле да ви ги олеснат вашите секојдневни активности. Во оваа прилика, разгледуваме пет од нив.

1. Префрлете се на мрачниот режим

Dark Mode започнува да преовладува низ огромен број апликации, а Facebook Messenger никако не сака да биде исклучок. Најдете го преку вашата страна (Me), така што ќе ја допрете вашата фотографија. Во случај да имате OLED екран, мрачниот режим би требало значително помалку да ја „цица“ вашата батерија. Независно од екранот, меѓутоа, бел текст врз црн екран обично значи помало оптоварување на очите.

2. Играјте скриени игри во Facebook Messenger

Скриените игри обично се едноставни, но воопшто не трошат многу ресурси и, во ситуации на огромна здодевност, би можеле да понудат скромни можности за забава и социјализација. За да ги откриете, допрете го More во чет прозорецот, или Discover, па потоа на Games. За да ја отклучите целата листа со игри, потребно е првин вие да одиграте една.

3. Создајте интерактивен потсетник

Сите имаме пријатели кои често забораваат. За да не се повтори таквото нешто можете да создадете еден вид интерактивен потсетник, така што ќе допрете More, па на Reminders. Штом го пополните и испратите потсетникот, автоматски ќе се создаде картичка со покана, заедно со копчиња за тоа дали примателот ќе може да дојде, или не. Ваквото нешто можете да го испратите на едно или повеќе лица, односно во група.

4. Како да направите дека не сте прочитале некоја порака?

Некој ќе ви испрати порака преку Facebook Messenger, ќе ја прочитате, но сакате да направите дека не сте ја прочитале. Ваквото нешто има неколку предности. Текстот од пораката повторно станува со здебелени букви и, на некој начин, се истакнува и ве потсетува дека на таа порака не сте одговориле. Втората предност, па, сметаме дека можете да претпоставите која би била таа. :) За да наместите некоја претходно прочитана порака како непрочитана, потребно е да повлечете со прстот на лево и да изберете Mark as unread. Од истово ова мени, можете и да ги блокирате или да ги ставите на нечујно сите идни пораки (како и да ја избришете истата).

5. Поставете анкета до вашите пријатели

Копчето More, како што видовме и погоре, крие многу интересни работи. Една од нив е и можноста за правење анкети и испраќање на истите до пријателите кои се во одредена група. Каде за нова година? Да го викнеме ли и Перо? Пиво или ракија? Преку More, изберете Polls и вметнете ги прашањата кои бараат апсолутна дипломатија.

Кој совет ви беше најинтересен? Кој би сакале да го споделите со нас? Кажете нѝ во коментарите!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk