Пет нови трејлери за Call of Duty: WWII

во feature, гејминг

Call of Duty: WWII навистина сака да ве импресионира со кампањата, до таа мера да за неполни два дена исфрли пет трејлери.
Првиот трејлер целосно се посветува на приказната и низ бура од експлозии и драма која може да биде карактеристична само за најкрвавите војни, играчите се запознаваат со Роналд Даниелс и предизвиците кои го очекуваат во првата пешадиска дивизија на соединетите држави.

Набргу по горниот трејлер, Activision исфрли уште четири други, а нивниот фокус е на главните ликови во играта.

Call of Duty: WWII излегува на 3.ноември. PC гејмерите ќе можат да го проверат мрежниот дел на играта веќе на 29.септември. Сите заинтересирани за бета настанот ќе можат да се втурнат во клучните гејмплеј системи и инфраструктури, но само доколку располагаат со компјутер во чија внатрешност се крие барем i3 3225 процесор, 8 GB RAM, NVIDIA® GeForce® GTX 660 и 25 GB простор. Ова е минималната побарувачка за играта.

Што се однесува до мрежното играње, Call of Duty: WWII ќе има нов асиметричен Allies vs Axis режим кој е потпомогнат со најразлични цели, но и целосно нов систем за напредување кој го нарекуваат Divisions, а е замислен да им дозволи на играчите да навлезат во специјализација и да напредуваат низ ранковите. Згора на ова, ќе има и дигитален простор замислен за социјализација, а наречен Headquarters. И, секако, Call of Duty не би била она што е без хит режимот Zombies.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk