Пет нови и бесплатни игри за вашиот телефон

Секој ден забележуваме огромен број бесплатни игри за мобилните направи. Но, вашиот телефон го заслужува само најдоброто од најдоброто, а откривањето на таквото нешто не е воопшто тешко кога нè имате нас! 😊

Во барањето на најновото од најдоброто, слушнавме феноменални работи за Another Eden (Android или iOS). Се работи за јапонска RPG игра со запазување редови (turn-based jRPG) и со одредени елементи на side-scrolling, чедо на поголемиот дел од талентот кој беше задолжен за Chrono Trigger. Би сакале и самите да можевме да ја провериме играта, но цената на пристапот се чини повисока и поддржува само направи кои имаат Android 4.4. и, барем 2GB RAM. Направата на авторот на овој текст, иако ги исполнуваше овие услови, сепак ја прикажа Another Eden како некомпатибилна. Во случај да имате вие поголема среќа, Another Eden има исклучително високи рецензии и се смета од повеќето како една од најдобрите jrpg игри кои можете да ги играте од вашиот телефон.

Доколку, пак, барате аниме инспирирана борбена игра во арена, со PvP можности за битки помеѓу тимови од по четворица, тогаш дефинитивно проверете ја ONE PIECE Bounty Rush (Android или iOS). Поголемиот дел од рецензиите за играта, меѓутоа, зборуваат за криење на многу системи кои ги фаворизираат гејмерите кои почесто посегнуваат по паричникот. Но, доколку вашиот хардвер дозволува, сметаме дека вреди да поминете барем едно попладне со ONE PIECE Bounty Rush и да искусите исклучително забавни и откачени механики за тимски пресметки.

Немајќи среќа со горните две игри, побаравме утеха во долните пет наслови и, искрено, и самите се изненадивме од големиот забавен фактор кој го откривме во нив:

5. JAWS.io (Android или iOS)

Од надалеку познатото Universal Studios Interactive Entertainment LLC, нѝ доаѓа симпатична игра за повеќе играчи. Играта плени во графичкиот оддел со детали и веродостојни анимации, а и гејмплејот не е за фрлање, особено кога ќе заиграте како некоја од смртоносните ајкули. Нормално, оние кои сакаат да застанат на страната на човештвото, можат да управуваат со брод и да пробаат да спасат што е можно повеќе луѓе. JAWS.io нема да ве импресионира со трогателна приказна, но знае да понуди огромна забава во кратки дози.

4. PPKP (Android или iOS)

За креативноста на тимот зад PPKP можеби не зборува самото име, но тоа не значи дека не можете да искусите тони забавни моменти со играта. На прв поглед, се работи за едноставна боречка игра со само две копчиња, но зад површината се крие и интересен систем кој ви дозволува, помеѓу битките, да пробате да вдахнете нов живот во разрушениот град. Пред да помислите дека нема никаква длабочина во битките, имајте во предвид дека, како и со градот, така и при битките, често ќе се наоѓате во ситуации каде треба внимателно да го следите непријателот и да ги темпирате вашите напади, односно одбрани. Со текот на времето, ова зазема уште комплексна димензија каде вашите рефлекси се клучни за издвојување победа. PPKP е доказ дека едноставни концепти може да кријат огромна длабочина.

3. Revolve8 (Android или iOS)

Уф, не би ни знаеле како да почнеме за правилно да ја дефинираме играта. Најновиот наслов на Sega се истакнува како невообичаен хибрид помеѓу Clash Royale и MOBA, со одредени примеси на стратегии во реално време. Финалниот продукт е вистинско освежување и пробив во низа жанрови кои почнаа да бележат одреден степен на стагнација. Преку интересни анимации и инспирација која пушта силни корени во jRPG жанрот, Revolve8 нуди впечатлива три-минутна забава. Гејмпејот и понатаму се заснова на собирање карти.

2. Rebel Inc. (Android или iOS)

Rebel Inc. е продукт на студиото кое се прослави со играта Plague Inc. За разлика од нивното пионерско чедо, Rebel Inc. не е премногу окарактеризирано со мрачни тонови, а нуди множество од импресивен број на алатки за стабилизирање региони или сеење апсолутен хаос. Гејмплеј механиките влечат инспирација од вистински светски настани и на веродостоен начин се трудат да симулираат како се управува со земја по одредени воени конфликти. Имајте во предвид дека, иако почетокот во андроид верзијата е бесплатен, за iOS верзијата потребно е да платите за играње уште во самиот старт.

1. AxE: Alliance vs Empire (Android или iOS)

AxE е повеќе од одлична MMORPG игра на Nexon Company, студиото зад феноменалната Darkness Rises. За разлика од DR, меѓутоа, AxE е сместена во огромен, отворен свет со солидни графички можности. На располагање имате и приказна, но играта вистински сјае кога ќе навлезете во некој од ко-оп модовите, како битки со тимови од по четворица, или поголеми, заеднички битки (рејдови). AxE: Alliance vs Empire се чини одлично оптимизирана, со многу вложен труд и, од повеќето рецензии што ги прочитавме, се чини како една од подобрите MMORPG игри кои можат да гостуваат на вашиот телефон.

А, оние кои се по гејминг фиксови директно од нивнот PC, најочекуваните игри за февруари се излезени, исто како и дел од игрите за месецот март.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk