0 коментари 2 мин. читање

Пентагон развива полесен и автономен тенк

Армијата на САД сака да креира нов лесен тенк кој ќе биде фокусиран на мобилност, брзина и на нови технологии. Проектот произлегува од DARPA и е наречен Ground X-Vehicle Technology (GXV-T), пишува BBC. Наместо како и досега да го заштитува возилото со зголемување на оклопот, DARPA работи на зголемување на можностите за избегнување на проектилите.

Трендот за потешки, помалку мобилни и поскапи борбени платформи ги ограничува војниците и маринците во нивните можности за брзо распоредување и маневар на боиштето, и остварување на нивните мисии во различна околина и опасност. Поважно поголемите возила се ограничени на патишта, и имаат потреба од повеќе логистика и се поскапи да се дизајнираат, развијат и произведат.

Проектот засега е во почетна фаза и DARPA ги прибира идејните решенија. Новиот тенк треба да биде помал и полесен за половина од денешните тенкови, а потребно е и намалување на персоналот за половина. За сметка на ова тенкот на иднината треба да биде двапати побрз, ќе мора да може да премине преку 95 отсто од пределите, а технологијата која ќе биде инсталирана во возилото ќе треба да ја намали можноста на непријателските единици да го детектираат и да го нападнат тенкот. Избегнувањето на опасностите тенкот ќе треба да ги прави автономно преку нивно избегнување, но и репозиционирање на оклопот. Автономното избегнување претпоставува и дека тенкот на иднината ќе му асистира на возачот. Во DARPA се надеваат дека ќе можат да започнат со развојот на технологијата пред почетокот на април следната година.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top