Пентагон ја разгледува можноста да го користи старите беспилотни летала како WiFi хотспот, јавува BBC. Идејата е пред се што брз интернет најчесто не е достапен во регионите каде што се наоѓаат трупите. Поради ова инженерите на Армијата на САД се надеваат дека ќе успеат да ги прилагодат веќе „пензионираните“ летала. Интересно ова е прва мисија за контраверзните летала во која нема да се користат за набљудување и напад на непријателски цели. Армијата веќе работи на тестовите, а првиот тест е успешно завршен. Darpa веќе ги заврши тестовите со антени кои можат да се насочат и нивните засилувачи.
„Овие успеси како и нов пристап за вмрежувањата е потребен за поголем капацитет на врските – се клучни за обезбедување на брз интернет како што имаме на 4G-мрежите“.
На сличен концепт работи и друштвента мрежа Fаcebook, и најверојатно Google, кои се обидуваат со сателити и беспилотни летала да донесат интернет до сите, без разлика на тоа колку е непристапна локацијата. Се разбира задачата пред Darpa е далеку поедноставна бидејќи нивната идеја е да донесат Интернет до далеку помалку корисници кој најчесто се наоѓаат на иста локација.







