Базата за препознавање на лица на FBI ќе содржи 52 милиони слики

До 2015 година базата за препознавање на лица на Федералното истражно биро (FBI) ќе содржи дури 52 милиони слики, покажуваат документи до кои дојде Electronic Frontier Foundation. Во моментов FBI има околу 16 милиони податоци за идентификација. Најголем дел од сликите повторно ќе бидат од криминалци, дури 46 милиони, а 4,3 слики oд граѓани кои доаѓаат од секторите за кој е потребна идентификација. Компанијата која ја изработи базата на фотографии е истат која го креира и ситемот за препoзнавање на ликовите за 35 ограноци на Одделот за моторни возила (ДМВ) MorphoTrust.

Најголемиот проблем е што сликите од криминалците и граѓаните ќе бидат сместени во истата база на податоци. Поради ставањето на фотографиите во иста база сите кои испратиле своја фотографија за проверка ќе можат да се најдат на листата на осомничени. Тука е и недостатокот на ограничувања кои во иднина може да допринесе во базата да бидат внесувани и фотографии од друштвените мрежи. Конечно иако FBI тврди дека системот има ограничување кои овозможуваат да нема погрешно препознавање, ова не е случај, па од веројатните кандидати често голем број се погрешно идентификувани.

Изгледа речиси неверојатно дека новиот систем нема да се најде под критика на јавноста која веќе се изјасни негадивно за препознавањето на ликот кај Google Glass и Facebook.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk