Quiver e феноменална апликација за боење и запознавање со светот на проширената реалност (Augmented Reality, или AR). Ова е апликација која ќе биде особено ценета од вашите деца. Едноставно отпечатете црно-бели цртежи и потоа дозволете им на децата да ги обојат. Откако ќе ги фотографирате обоените цртежи, таквите ликови ќе оживеат во проширената реалност и ќе можете да стапувате во најразлични интеракции со нив.
Quiver се испорачува во неколку форми. Покрај основната апликација, имате на располагање и Quiver Education каде, како што кажува името, фокусот е целосно на образование на вашите деца преку соодветни цртежи, интеракции и активности. Quiver Fashion е апликација која ја имплементира истата технологија за да им дозволи на децата да испливаат нивните амбиции за моден дизајнер, а Quiver Masks им дозволува да се трансформираат во нивните омилени Quiver ликови. Особено ја препорачуваме Quiver Masks за претстојниот Halloween празник; маските би можеле навистина да ги изненадат помладите.
Сите апликации се достапни за iOS, Android. Quiver и Quiver Education се достапни и преку платформата на Amazon.







