Pearl Jam со Twitter кампања нуди бесплатна песна

0 коментари 1 мин. читање

{mosimage} Pearl Јаm нуди бесплатна песна за еден твит. Познатиот бенд, после промоции на MySpace, продолжи со искористување на социјалните медиуми да се приближи до фановите и да си го промовира својот нов албум.

Бендот има нова песна „Just Breathe" која ја нудат бесплатно. Се што фановите треба да направат е да го посетат новиот сајт на Pearl Jam и да твитнат за песната. Твитајќи тие aвтоматски стануваат следбеници на @pearljam, ја промовираат песната, бендот и албумот, а за возврат добиваат код со кој можат да ја симнат песната од iTunes.

{mosimage}

За жал на сите Pearl Jam фанови во Македонија, оваа промоција важи само за САД. Некако авторските права, лиценци, глобализацијата и интернетот не се согласуваат како што треба…

Нo, ова е одличен пример за иновативен начин за промоција на песна или некое друго креативно дело, па и продукт, пример кој може да им послужи на македонските компании и брендови да ги искористат друштвените мрежи за интересна промоција.

За да не бидете тажни еве ја песната на YouTube.



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top