По неверојатната 2016, растот на глобалниот маркетинг во 2017 ќе забави. Очекувањата за падот се поради намалувањето на очекуваниот раст во неколку пазари: Кина, САД, Британија и Бразил, јавува глобалната маркетинг агенција Warc која е позната по своите истражувања. Најголема причина за падот на растот сепак е очекувањето за намалување на дигиталниот маркетинг во 2017.
Очекувањата се дека растот во 2017 ќе изнесува 4.2 отсто, пад од 0.3 отсто во однос на 2016. Сите сектори со исклучок на печатените медиуми и во 2017 ќе имаат пораст во маркетинг инвестициите. Ова секако ќе биде предводено од дигиталниот маркетинг кој има рекорден раст во 2016.
Огласувачите потрошиле 32.7 милијарди US долари само во првите шест месеци на 2016. Ова е пораст од 19 отсто во однос на првите шест месеци во 2015 и е рекорд досега, покажува извештајот на Internet Advertising Revenue Report на IAB.
Можеби очекувано зголемувањето во заработката е предводено од мобилната платформа. Во овој сектор заработката е повисока за 89 отсто и сега е 15.5 милијарди долари. Најголем е растот во мобилните видеа 178 отсто на 1.6 милијарди, а во пребарувањето е 105 отсто, на 7.4 милијарди. Забавувањето е забележано кај десктоп рекламите; пребарувањето е намалено за 12 отсто на сега 8.9 милијарди.
Рекламите на социјалните мрежи се зголемени за 57 отсто и сега се 7 милијарди долари.
Повеќе информации за состојбите во првите шест месеци на 2016 во извештајот на IAB.