Финансискиот сервис PayPal во својот инфографик „Иднината на дигиталните пари“ вели дека до 2016-та нема да е потребен кеш за купување и нема да има потреба да се носи новчаник.
Инфографикот го разгледува ефектот на дигиталните трансакции во Велика Британија каде 45 милиони луѓе користат мобилни телефони, од кои скоро половина корисници барем еднаш во три месеци го искористиле мобилниот да купат нешто.
„Во иднината ќе се користат разни уреди за плаќање директно на препродавачите – без врска дали сте во продавницата или купувате онлајн.“, вели PayPal на својот блог.
Дигиталното купување од дома веќе се извршува преку десктоп компјутерите и гејминг конзолите, додека за мобилно плаќање може да се искористат таблет компјутерите и мобилните кои сега доаѓаат со Near-field communication технологија. Како пример може да послужи демонстрацијата на MasterCard и GoogleWallet.
„Линијата меѓу онлајн светот и уличните продавници наскоро ќе ги снема комплетно. Децата родени денес ќе бидат првата британска ‘безготовинска генерација’. Ќе им биде комплетно природно да плаќаат преку мобилен.“, вели менаџерот на британскиот PayPal, Карл Шибл.








Прво нека влезат кај нас во Македонија па потоа нека измислуваат топла вода што ќе направат во 2016.