PathGuide е апликација за навигација од Microsoft, работи без GPS

Microsoft ја претстави новата апликација за навигација – PathGuide. Апликацијата доаѓа од развојниот центар на Microsoft во Азија.

Внатрешната навигација е попроблематична од надворешната. Дополнително и цената за инсталирање на куп опрема која треба да се инсталира. За креирање на внатрешна мрежа потребни се барем одбележувачи (beacon) кои потоа ќе им помагаат на корисниците да ја пронајдат својата локација.

PathGuide е наменета за навигација во затворен простор, без GPS или WiFi. Решението е во претходно креирање на навигација. Корисникот кој ќе ја зачува својата рута треба единствено да помине по патеката со телефон во рацете. Треба да помине низ сите локации или барем низ оние за кои е потребна навигација.

За снимањето на рутите потребен е единствено телефон со акцелерометар и магнетометар кој ќе ги брои чекорите на корисникот и неговата почетна локација.

Google исто така работи на технологија за внатрешна навигација. Компанијата дури има и специјализиран уред мапирање на 3Д-движње, Project Tango. Сепак за разлика од Project Tango на Google, PathGuide не се ни обидува да го мапира целиот простор. Наместо ова апликацијата единствено ги брои чекорите и ориентациајта во простор на корисникот. Креаторот на рутата може дополнително да додаде текст, аудио или слики како помагала за поедноставно снаоѓање.

Понатаму рутите може да се споделат со јавноста и да помогнат за полесно пронаоѓање на собите кои посетителите ги бараат.

Апликацијата засега е достапна единствено на Android.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments