Јапонскиот производител Panasonic ги изненади сите си новиот Lumix C1 паметен телефон со Android 4.4. Компанијата се откажа од пазарот на паметни телефони пред неколку години, но сега причина за враќањето е новиот CM1-сензор. Станува збор за еден инчен фото-сензор, кој може да се пронајде и на дел од фотоапаратите. Lumix C1 всушност е многу повеќе фотоапарат кој овозможува телефонски повици, отколку што е телефон. Уредот доаѓа со 4.7-инчен 1080р екран; 2.4 GHz Snapdragon процесор; 2GB RAM и 16GB слободен простор со можност за проширување со microSD до 128GB. Камерата ги следи трендовите и овозможува снимање на 4К-видео, па оттука и потребата за волку голем простор. Капацитетот на батеријата е 2.600 mAh.
„Lumix C1 е двојно подебел од останатите Android телефони, но делот за фотографирање е доволен да го оправда физичката големина. Panasonic го наполни апаратот со галерии и апликации, а телефонот е навистина брз, камерата фокусира и фотографира брзо… Има физичко копче кое префрла помеѓу камера и телефон, а корисничкиот интерфејс е типичен за Android 4.4“,, вели Vergе.
Телефонот доаѓа за 900 евра, а најпрво ќе биде достапен во Германија и Франција веќе од ноември. Останува да видиме дали Panasonic е сериозен во обидот за враќање на паметните телефони или Lumix C1 е само доказ за можностите на новиот сензор.
[youtube]fJiJfGY_tLA[/youtube]







