Паметните уреди кои ветуваат подобро здравје ќе бидат третирани како лекови

во Свет, Хардвер

Американската агенција за храна и лекови FDA ќе ги регулира преносните уреди кои се рекламираат дека ќе го подобрат здравјето на корисниците. Станува збор за регулирање на уреди кои се рекламираат како вистински медицински помагала, а не за паметни уреди кои овозможуваат надгледување на состојбата или даваат совети за вежби, вели Medcity News.

Поточно регулирани ќе бидат сите уреди кои тврдат дека нивната употреба ќе им помогне на корисниците за лекување на одредена болест или медицинска состојба. Сепак со законот ќе бидат опфатени сите уреди кои велат дека помагаат за: дијагностицирање и справување со прекумерна тежина, нарушување во исхраната – пример анорексија, справување со анксиозност, видеоигри кои тврдат дека помагаат за аутизам, продукти кои тврдат дека помагаат со атрофирање на мускулите и уреди кои тврдат дека ќе помогнат за враќање на функционалноста на пример протетички уреди кои тврдат дека им помагаат на лица со изгубени екстремитети да играат кошарка.

Идејата на FDA е сосема оправдана, уште повеќе што покрај лажната надеж, дел од уредите би можеле да предизвикаат влошување на состојбата. Сепак останува прашањето колку членовите на комисијата ќе успеат да останат независни и без влијание од лобирањата, кои барем кога се во прашање додатоците за исхрана се покажаа повлијателни од желбата да се заштитат корисниците.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments