Паметниот звучник од Apple, HomePod, ќе доцни

во Хардвер

Паметнипот звучник од Apple требаше да биде достапен во продожба од декември, но сепак уредот не е завршен и ќе доцни.  Заинтересираните купувачи ќе треба да почекаат до 2018 година. Засега нема точна дата, но би требало да биде на почетокот.

„Едвај чекаме луѓето да го искусат HomePod, бежичниот звучник за домот. Сепак потребно ни е уште малку време да се подготвиме за корисниците. Започнуваме со испорaка во САД, Велика Британија и Австралија на почетокот на 2018 година“, велат од Apple.

HomePod е одговорот на Apple на Amazon Echo и Google Home. Сепак, за новогодишната продажба овие уреди ќе продолжат без конкуренција од Apple. Бројките од продажбата на новогодишните празници секогаш се наклонети кон Apple, па пропуштањето ќе биде проблем.

Со оглед нa тоа дека ова е прв звучник од Apple, одлагањето на испорката не е изненадување, вели Engaged.

HomePod е бежичен паметен звучник кој ја користи Siri за препознавање на командите од корисникот. Компанијата го претстави во јуни, а уште тогаш беше познато дека ќе чини 350 долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk