0 коментари 2 мин. читање 18 септември, 2018

Паметен оверклок со „Scanner“ на Nvidia

Новата генерација на графички картички од Nvidia ќе доаѓа со далеку поедноставен оверклок. Новата функционалност се вика „Scanner“ и ќе помогне на понеискусните, но и на искусните сопственици на компјутери кои сакаат да ги тестираат границите на своите машини.

Оверклокувањето е процес со грешки. Корисникот малку го подига напонот и добива подобри перформанси, па уште малку го подига и крашува цела машина, па го намалува напонот. Наместо ова Scanner ќе овозможи скалеста промена на напонот и постојана проверка за стабилноста на системот. Процесот го тестира системот и ја пронаоѓа најбрзата стабилна конфигурација. Процесот трае околу 20 минути и ќе му помогне на корисникот да ја „исцеди“ својата графичка картичка. Остатокот од системот се оверклока по старо; дури и напонот на меморијата на графичката картичка корисникот треба сам да го промени, објаснува Ars Technica.

За користење на Scanner кој е API ќе биде потребен софтвер во кој ќе биде интегрирано апито. Со оглед на тоа дека најголем дел од производителите имаат ваков софтвер најверојатно ќе биде интегриран во софтверот.

Можноста и функционалноста за вакво попаметно оверклокање на картичките е одлична. Можеби баш поради ова и се поставува прашањето зошто досега Nvidia или AMD не направиле нешто вакво.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}