Intel Nova Lake 2027 (одговорот на Зен 6)
Не се ова лаптоп чипови, само десктоп. Лаптоп чиповите се Пантер лејк, тие искочија скоро.
Не се ова лаптоп чипови, само десктоп. Лаптоп чиповите се Пантер лејк, тие искочија скоро.
a kazi mi kako e na 27ka beta i dali ako sakas da se vratis moras se da brises?Денес се кренав на public beta 2, уште е рано, но до сега се работи одлично. Да, за да се вратиш на ios26 мора да направиш комлетен ристор, па да вратиш од бекап што си го направил на ios26.
Позитивно искуство со @Daniel86 - ми излезе во пресрет за нешто што не му примарен фокус и сепак маестрално ја заврши работата. За сите што имаат било каков проблем, Сервис Даниел - (+389 76 270 486) топла препорака.
Една недела на IT.mk форумот може да започне со иднината на процесорите, да продолжи со вештачката интелигенција и да заврши со прашање зошто интернетот во соседната куќа не оди побрзо од 100 Mbps. Токму во тоа е вредноста на заедница со повеќе од 37.000 членови и над еден милион објавени мислења. На едно место се […]
Сетек рекламира 5109CCPN модел на Honor Magic8 Pro со 7100 mAh а продава BKQ-N49 со 6270 mAh. :)
Ниту еден. Ниту пак плаќам за такво нешто, скраја да е.
ти треба ваков монстер како мојов, зрачи како Чернобил, за батецов само ресиверот е проблем пошто повеќето се чкарт што ги имаме по дома, иначе може интернет да прати у соседната населба.
Еден од најнеобичните безбедносни инциденти во историјата на вештачката интелигенција отвори нови прашања за тоа колку навистина се подготвени компаниите за иднината на автономните ВИ агенти. Платформата Hugging Face, најпозната како најголем репозиториум за модели со отворени тежини, откри дека за анализа и запирање на напад извршен од автономен OpenAI агент користела кинескиот модел GLM […]
Само на кумановски смееме да се приклучиме на дискусијата? :) Како што пишав и на другата тема, AI нанесе сериозен удар на овие позиции. Особено за оние кои ова им беше како side hustle и пишуваа за се и сешто. Јас така почнав ама се фокусирав на едно niche и тоа колку толку ме извади. Секако веќе набилдав и многу годи...
Фала на сите за мислењето :) Иако повеќето не ми ја разбраа поентата, мада јас сум крив што на старава тема одговорив и можеби не бев јасен. Поентата не ми е да менувам кариера и да барам нешто ново само затоа што е подобро платено и да барам слепо IT работа. Факт е дека треба да учам мрежи за работава што ја имам сега...
Николче не знам што чека, апгрејд на векот е ова алоо. Еве во нептун го има, 24к. CPU AMD Ryzen 7 5800X3D 10th Anniversary Edition 8-Core 3.4GHz 96MB Cache AM4 w/o Cooler BOX • Cores / Threads: 8 / 16 • Base clock: 3.4 GHz • Max boost clock: Up to 4.5 GHz • Socket: AM4 • Memory support: DDR4 www.neptun.mk
Во последните месеци, американската индустрија за вештачка интелигенција се соочува со предизвик што допрва почнува да се согледува во целосни размери. Наместо затворени, скапи модели достапни само преку претплата, кинеските технолошки компании масовно објавуваат отворени модели, чии тежини (weights) секој може бесплатно да ги преземе, прилагоди и користи. Тоа веќе почнува да го менува начинот […]
Почит со пари не се купува. Капитализмот за жал редуцира се на пари (кои одамна не се реален еквивалент на економска вредност, се штампаат без усул а се одржуваат со сила/уцени и закани) и ги урна сите останати вредности што беа тешко издвојувана човечка придобивка (култура, чест, алтруизам, социјална емпатија, здрав р...
Кај мене слично се случи, но ми стигнаа 12 мејлови, за секој месец од 2025, како да немам платено воопшто данок цела година. Иако се е платено за сите месеци и точно е одбрана државата од каде што исплаќаат. Интересно е што видов дека ја затвориле ГДП пријавата како конечна, и сега не знам дали треба да одам да исправа...
Мал апдејт од мене, земав тоа што замислив и на прва, прилично сум задоволен од звукот и работата на Едифиер М90. Пробани досега на БТ, супер работат, супер звук, одлично изработени, одлично спакувани, би рекол дека дури сум и импресиониран од тоа што го добив. Е сега, малку се поголемки ко за на маса со 32ка монитор и...
Македонскиот тим освои три бронзени медали на дебитантското издание на Европската олимпијада по вештачка интелигенција (ЕОВИ 2026), одржана од 14 до 19 јули во Клуж-Напока, Романија. Успехот доаѓа на еден од најмладите, но веќе најпрестижни меѓународни натпревари во ИТ доменот, што дополнително ја зголемува неговата тежина. Медалите ги освоија Благој Рујаноски Стојановски од прилепската гимназија, […]
И јас го користев, ама сега многу ретко токму од овие причини. Ако доставиш текст на клиент со em dash речиси одма го отфрла како AI.
Dali ima nekoj iskustvo so chairs.mk ? Kako se vo sporedba so drugite b2, s29, ... ? Prv pat gi vidov vo komentarot na @Viktork11 pogore.Bump
Assasin cread Black Flag Одлична графика, играва е многу долга, пространа и забавна 9/10 Sent from my SM-S948B using Tapatalk
Лабораторијата за вештачка интелигенција на поранешната директорка за технологија на OpenAI, Мира Мурати, конечно го покажа своето прво сериозно оружје. По повеќе од година работа во тишина, прекината само со вести за огромни рунди на финансирање и партнерство со Nvidia, Thinking Machines Lab објави свој сопствен модел наречен Inkling. И тоа не е обичен модел, […]