Падот на нафтата и BTC PlusToken измама ја срушија вредноста на крипто-валутите

0 коментари 1 мин. читање

За само еден ден крипто-валутите загубија најмалку 26 милијарди долари од својата вредност. Најголема причина за ова е падот на Bitcoin од 10 отсто. Вкупната вредност на оваа валута влегува како најголем дел и во вредноста од сите крипто-валути заедно.

Иако по апсолутна вредност најголем пад забележа Bitcoin, значително се намали и вредноста на etherium, XPR и bitcoin cash, вели CNBC. Како причина за падот на крипто-валутите е наведен падот на цената на нафтата на светската берза.

Причината за најголемиот пад во еден ден од септември 2019, Coindesk ја пронаоѓа во манипулација и продажба на Bitcoin од PlusToken во вредност од над 100 милиони долари. PlusToken претходно успеа измами инвеститори за крипто-валути во вредност од над 2 милијарди долари. Само за викендот од дигиталните новчаници на измамниците се продадени над 13 000 биткоини.

Во моментов цената на биткоин се движи помеѓу 6500 и 8000 долари.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top