Овој месец, Ubisoft ја подарува Far Cry: Blood Dragon

во гејминг

Во чест на триесетгодишницата, францускиот издавач продолжува со подарување по една игра секој месец. Кампањата започна во јуни, а ќе трае сè до средината на декември.

Far Cry 3: Blood Dragon е самостојна експанзија, односно Far Cry 3 спин-оф од 2013-та година. Играта беше ненадеен хит и успееја да ги импресионира гејмерите со исмејувачкото гледиште на акционите филмски хитови од осумдесеттите години.  Играта го користи истиот енџин и механики од Far Cry 3, но препознатливото дрво со вештини е заменето со поедноставна алтернатива која автоматски отклучува предности секој пат кога ќе го зголемите левелот. Системот за изработка (crafting) е целосно исфрлен.

Бидејќи се работи за самостојна експанзија, нема потреба од Far Cry 3 за да можете да ја играте.

За преземање и играње на Blood Dragon потребна е употребата на клиентот на Ubisoft – Uplay!

Со излегување и на оваа игра, нѝ остана само уште една игра од дарежливите Французи. Бесплатните игри од претходните месеци беа Prince of Persia: The Sands of Time, Tom Clancy’s Splinter Cell, Rayman® Origins, The Crew и Beyond Good and Evil.

Која игра би сакале да биде бесплатна во декември?

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk