0 коментари 2 мин. читање 15 септември, 2016

Овој месец, Ubisoft ја подарува The Crew

Ubisoft и понатаму ги наградува корисниците со бесплатни игри. Овој месец, на располагање ја имате амбициозната тркачка игра, The Crew. Играта се презема и игра преку нивниот UPlay клиент и за да ја активирате на вашиот акаунт или одите преку предната страна од продавницата од клиентот или пак преку следниов линк.

Доколку ви се допадне основната игра, имајте предвид дека за The Crew постојат и неколку додатоци, но не заборавајте дека најголемото проширување, насловено како Wild Run, не е дел од сезонската пропусница.

Со подарувањето на The Crew некако ја изодевме половината од патот. Претходните подарени игри беа Prince of Persia, Splinter Cell и Rayman Origins, а за тоа кои ќе бидат наредните три, ќе мора да почекаме до средините на наредните месеци.

Сево ова се должи на триесет годишнината од постоењето на француското студио Ubisoft.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top