2 коментари 1 мин. читање

Ова е само почеток, вели нова хакерска група која објави милиони податоци од банки и владини агенции

Хекерската група Ghost Shell објави милион кориснички податоци од банки, владини агенции и консултантски компании, но и компании за производство. Податоците се украдени од над 100 веб сајтови. Групата на Pastebin најави соработка со хактивистите Anonymous, и во своето соопштение најави нови напади, однсно два проекти закажени за есенва и зима. „Ова е само почеток.“, вели Ghost Shell.

Betabeat јавува дека со објавените податоци се опфатени и CIA и компании од Вал Стрит. Најголем број од податоците за нападите ги објавува и нивниот гласноговорник DeadMellox на својот Тwitter профил.

Безбедносната компанијата која го анализира нападот Imperva, на својот блог објаснува дека за разлика од DDoS нападите кои се омиленоto оружје на Anonymous, овие напади се извршени сo SQL injection. Засега не е познато колку кориснички податоци се пробиени, но некои од базите содржат и над 30.000 податоци. Покрај стандардните повторувања на лозинките, една од компанијата користела претходно одреден формат на кој само се додаваат иницијалите на корисникот.

Во соопштението на Pastebin хакерите „понудија“ и пристап до 6 милијарди бази со кинеска и јапонска технологија, над 105 милијарди дата бази од американската берза, но и 3-4 пристапни точки до сервери на американското Министерство за одбрана.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top