0 коментари 1 мин. читање 23 март, 2018

Ова е Pacman во виртуелна реалност

Најверојатно никогаш нема ни да помислите дека Pacman би можел да биде интересен во било која верзија на виртуелната реалност. Играта секако го одбележи периодот на почетокот на гејминг ерата, но денес е помалку застарена.

Но, Bandai Namco немаат намера да се откажат од нивната легенда. Компанијата се чини дека успеа да пронајде начин како да ја направи играта помалку лоша во ова време. На Game Developer Conference претставија верзија за Hololens.

Играта е наменета за повеќе играчи, а секој е во улога на Pacman. Просторот во кој се наоѓаат играчите, хала или соба, се претвора во виртуелна „арена“. Со помош на Hololens и проширената реалност, играчите во улога на Pacman се бркаат со духовите и собираат, што и да собираат.

Играта е едноставна како и претходните, играчите треба да соберат 100 жолти точки и да ги избегнуваат духовите.

https://youtu.be/Y4cFVDkHV8s

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top