Out of Time: ко-оп rogulite со уникатни механики

во гејминг

Out of Time громоласно се појавува на гејминг сцената како амбициозен наслов што се обидува да ги редефинира границите на кооперативните roguelike игри. Потпирајќи се на испробани формули, оваа игра нуди брзо, динамично и надградено искуство за еден или повеќе играчи. Сместена во фрактуриран универзум каде минатото, сегашноста и иднината се судираат во хаотична временска бура, играта ве фрла во битка против орди на корумпирани непријатели, моќни босови и непредвидливи предизвици. Секоја зона е забавен тест за координација, стратегија и способност за адаптација во свет кој постојано се менува пред вашите очи.

Out of Time е игра во која гејмлејот се заснова на флуидноста на улогите кои ги заземате и иновативниот Tether System. За разлика од традиционалните игри со строго дефинирани класи, Out of Time ви дозволува да го креирате вашиот стил на игра преку десетици уникатни оружја и сетови на опрема. Секој дел од опремата отклучува различни способности, што значи дека без проблем можете да преминете од DPS улога во поддршка или, пак, тенк. Ова го правите со едноставна промена на арсеналот помеѓу мисиите. Со тоа што секоја опрема отклучува различни способности, се поттикнува експериментирање и создавање на безброј комбинации во рамките на тимот. Покрај флуидноста што произлегува од ваквите on-the-fly билдови, за пофалба е и таканаречениот Tether System. Овој систем,како што кажува и самото име, ве наградува доколку се држите заедно и не се оддалечувате од групата. Доколку сте во непосредна близина еден на друг, уживате во предностите на споделените бонуси, лечење и подобрени статистики. Спротивно на тоа, оддалечувањето од тимот не само што го остава поединецот ранлив, туку може да предизвика и негативни последици за целата екипа. На овој начин, органски ве врзуваат да бидете дел од чопорот, а не црна овца, принудувајќи ве да размислувате и да се движите како една единица.

Визуелно и аудитивно, Out of Time цели кон создавање на чувство на постојан хаос и спектакл. Графичкиот стил е дизајниран да го долови судирот на различни епохи, дозволувајќи ви да се борите со најразлични единици и во најразлични временски локации – од футуристички роботи во средновековни замоци па се до праисториски суштества на мапи инспирирани од времето на диско забавите. Секое парче облека е препознатлива за ерата во која се носела, а способностите се пропратени со впечатливи анимации и ефекти. Динамичната музика, која може да варира од електронски до рок мелодии, го следи темпото на акцијата, додека прецизните звучни ефекти за нападите, непријателите и активирањето на способностите обезбедуваат витални информации за случувањата на бојното поле.

Надвор од адреналинските мисии, Out of Time нуди и мини свет. Социјалниот центар, наречен Infinitopia, функционира како ММО-локација каде можете да се среќавате со останатите играчи, да се флексате со вашата опрема, да планирате стратегии и да се подготвуваат за следните предизвици. Од овој центар ќе можете и да екпериментирате со билдовите, како и да отклучувате најразлични надградби. Со секоја мисија работите на континуирана прогресија. Карактеристично за roguelite форматот, дури и неуспешните обиди носат искуство и ресурси што можат да се искористат за зајакнување на ликот, отклучување и надградба на нова опрема. Иако играта штотуку излезе, веќе се најавени неколку бесплатни ажурирања, сезонски проширувања, нови режими на игра (вклучувајќи и PvP). Авторите се на силен старт со играва и доколку продолжат со силно темпо на исфрлање новитети, не очекува исклучително светла и забавна иднина.

Сила на заедништво

На крајот на денот, Out of Time е исклучително забавен наслов кој од корени ја освежува и размрдува roguelite формулата, нудејќи 3D кооперативни борбени полиња кои се целосно фокусираат на тимската игра. Ние игравме неколку сесии соло и, рака на срце, забавата е на високо ниво, со бројни активности и предизвикувачки ситуации каде се трудевме да уништиме што е можно повеќе непријатели, да правиме значајни надградби и да собираме бројни ресурси. Но, иако играта не е лоша соло, забавата е значително повисока со други играчи, особено кога стапиува на сила сила филозофијата поврзана со Tetter системот, принудувајќи ве да комуницирате, да ги координирате вашите позиции и да размислувате колективно. Комбинацијата од брзи, повторливи мисии, огромна длабочина во прилагодувањето на опремата и механика што ја претвора тимската работа во уметност, создава искуство кое е истовремено и предизвикувачко и неверојатно наградувачко.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments