Откриени се датумите за Steam летната распродажба

Два пати годишно, Steam напаѓа со главни распродажби и попусти на игри до 95%. Иако отприлика знаеме дека едната распродажба е на крајот од декември, а другата на крајот на јуни, точните датуми секогаш се криеле на крајно неуспешен начин или предвреме се откриваат од гигантите како PayPal или од одредени инди девелопери кои не сакаат таквото нешто да го држат во тајност.

Според најновите гласини, Valve се има изјаснето до сите Steamworks девелопери дека нивната голема распродажба започнува од 22.јуни и трае сè до 5.јули. Ваквото нешто се прави од Valve за да им се даде време и можност на издавачите на игри благовремено да ја осмислат длабочината на попустите со кои планираат да нападнат за време на распродажбата.

Скриншот од информациите поврзани за распродажбата се постирани од deliteplays и Jelman21, со што корисниците го прекршуваат NDA договорот, но, со оглед на бројот на Steamworks девелопери и потенцијалите на Steam Direct, ваквата храброст воопшто не изненадува.

Со години наназад, летната Steam распродажба е задолжително активност за гејмерите затоа што ова е периодот кога повеќето купуваат исклучително евтини игри за да си се обезбедат со квалитетни наслови до наредната распродажба, а и да пробаат да спечалат некој денар од дигиталните карти.

Подразбирливо, ова е период околу кој и останатите продавници пробуваат да зграпчат дел од колачот така да, ако претходното искуство е некаков показател, очекувајте целиот јуни и поголемиот дел од јули да биде преполн со попусти и од другите продавници. Доколку би сакале да добиете претстава за тоа како изгледа една таква распродажба од броjните продавници, како и да прочитате корисни совети при купување, консултирајте се со нашиот извештај од изминатата споредна распродажба Black Friday.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments